Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирус, кои сите биле негативни.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 декември, 2020 19:53

Се појави непозната болест во Индија: Повеќе од 140 лица завршија во болница поради гадење и несвестица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Официјални лица во Индија ја испитуваат причината за неидентификувана болест што предизвика повеќе од 140 лица да бидат хоспитализирани за време на викендот!

Пациентите, од Елуру во Андра Прадеш, имале широк спектар на симптоми од гадење до напади и несвестица, велат лекарите, пренесува Би-Би-Си, наведувајќи дека многу од хоспитализираните се опоравиле и биле брзо ослободени.

Локалните медиуми велат дека пациентите направиле тестови за коронавирус, кои сите биле негативни.

Медицински службеник во Државната болница Елуру за Индијан Експрес изјави:

„Луѓето кои се разболеа, особено децата, одеднаш почнаа да повраќаат. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.