Несреќата се случила во раните утрински часови на автопат во близина на градот Хамбург.

Објавил: Сара Фемина | 9 ноември, 2019 18:49

СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС ВО ГЕРМАНИЈА: 32 лица се мртви има и повредени!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Туристички автобус од Полска денеска излета од автопат во Германија и се преврте, при што настрадаа 32 лица.

Несреќата се случила рано изутринава на автопат во близина на градот Хамбург. Како што известуваат германските медиуми во автобусот се наоѓале вкупно 48 луѓе, а засега не е позната причината за несреќата.

Неодамна едно лице загина, а повеќе од 60 беа повредени, меѓу кои седуммина потешко, во автобуската несреќа во близина на Лајпциг, на истокот на Германија.

Несреќата се случила на автопатот А9 во близина на Лајпциг од се уште неутврдени причини, изјавил портпаролот на полицијата.
На снимените фотографии се гледаше превртениот автобус кој ја пробил заштитната ограда. Неколку хеликоптери биле испратени за евакуација на повредените.
Автобусот во кој се наоѓале 74 лица возел од Берлин кон Минхен за германската компанија „Фликсбус“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

„Полициски службеници уапсија 35-годишник од Мала Суботица под сомнение за убиство“, соопшти полицијата.

УБИЕНА МАЈКА НА ДЕВЕТ ДЕЦА ВО ХРВАТСКА: Невенчаниот сопруг после расправија ја убил со нож

Виолета О(37), мајка на девет деца, беше убиена во хрватско Меџугорје, а осомничениот...

Претставникот на полицијата Рајеш Синг изјави дека 10 лица починале на местото на настанот, а четворица починале во болницата.

Тешка несреќа во Индија: Се судрија камион и автобус – загинаа 14 лица, 35 се повредени(ВИДЕО)

Најмалку 14 лица загинаа, а 35 повредени во судир со автобус и камион во северна Индија,...