Под итно да запрат градежните активности на Алипашината џамија во Охрид или граѓаните наредната недела ќе излезат на протест да го искажат револтот кон институциите

Објавил: Македонка Димкин | 14 март, 2019 19:57

Се прелеа чашата, Охриѓани најавуваат протест ако не престане надградбата на минарето?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Под итно да запрат градежните активности на Алипашината џамија во Охрид или граѓаните наредната недела ќе излезат на протест да го искажат револтот кон институциите кои свесно премижуваат пред кршењето на законите цели три години побараа денеска од здружението Совест кое со месеци води битка за докажување на нелегалноста на градбите кои се се поголеми и повоочливи на џамијата која се наоѓа во центарот на охридската чаршија известува телевисиијата ТВ24

Здружението уште еднаш повикува на совест од институциите да се спречи незаконското дивеење на поединци за свои лукративни интереси. Ги повикуваат ЈО,Завод и Музеј Охрид,МВР и Управата за заштита на културното наследство конечно да излезат со свој став и како што велат да стават крај на незаконието во овој случај.

Џамијата Али Паша е муслимански храм кој се наоѓа во Охрид, Македонија.
Али паша џамија е сместена во Старата охридска чаршија. За годината на нејзината изградба  не постојат точни податоци. Според една вакуфнама која датира од 1491 година и во која се споменуваат сарај и вакафи кои му припаѓаат на Али паша се смета дека имало и џамија која го носела неговото име Според архитектонските карактеристики и едноставноста на формите, џамијата била изградена кон крајот на 15 или почетокот на 16 век. Во составот на џамијата во 1823 година била подигната и медреса која денес не постои.

Пуштиле допис и до министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски во кој бараат и тој активно да се вклучи во откривање и стопирање на нелегелните градежни активности.

Деновиве и охридската јавност е сведок дека на џамијата никнува градба која наликува на почетниот дел од минарето, но властите па дури и премиерот во допис до здружението Совест одговориле дека не станува збор за минаре туку дека тоа е дел реставраторските работи на објектот. 

Доколку се изгради- минарето би било високо 32 метри и според архитектите целосно ќе ја наруши визурата на градот Охрид. Граѓаните немаат ништо против реставрацијата и заштитата на споменичното добро, но се јавно против превисоко минаре, кое ќе биде највисокиот објект во градот.

Тоа и не е најглавниот проблем велат охриѓани,  доколку би се изградило „минаре„ тогаш е за очекување дека ќе има повторно пеење или надвикување од оџите преку разглас со што ќе се наруши туристичкиот кодекс и традиција, на градот под самолиловите кули кој во псоледно време е оставен сам на себеси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Изборот на името на училиштето е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.

Новото општинско училиште во Капиштец ќе го носи името „КИРО ГЛИГОРОВ“

Советот на Општина Центар пред два дена го усвои предлогот, новото општинско училиште...

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ГОДИШНИНА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ: Гости Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд

Објавена е програмата на град Скопје, за одбележување на 56 години од катастрофалниот...