
Македонија
Вести
Дарко Голубовски кој сака да се нарекува „Кнеле“ познат скопски „преварант“ и „шемаџија“ чии идол е белградскиот криминалец Александар Кнежевиќ Кнеле е упапсен затоа што чувал дрога која му припаѓала на Раде Трајковски Штекли.
Кнеле исто како Штекли живее во скопката населба Керамидница.
Околу четири и пол килограми кокаин биле пронајден кај две лица, а едно од нив е Дарко Голубовски од Керамидница, во скопскоте кругови познат како Кнеле. Дека се успсени лица блиски до Штекли вчера објави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавен обвинител, продолживме со активностите против криминалната група на Штекли, и при дополнителни дејствија, по само нецел месец од разбивањето на групата, повторно е пронајдена и одземена дрога од истата криминална банда, информира Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.
Продолжуваме со нашата посветеност во борбата со недозволена трговија со дрога. Нема непобедливи криминални структури – тоа го потврдуваме со секој нов успех и го разбиваме митот за непобедливоста на одредени поединци, истакна Јанев.
Истражителите од Лабораторијата за дигитална форензика откриле дека првоосомничениот, приведен во Гевгелија, сокрил 3,5 килограми кокаин во бункер на патничко возило.
„При дополнителни претреси во домовите на приведените, пронајден е уште еден килограм кокаин. Обвинителството издаде наредба за истрага и побара притворски мерки од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје“, информираат од ОЈО.
Во скопските кругови, Дарко Голубовски важи за контроверзна фигура која редовно се движи во криминални друштва.
Ако го отворите неговиот Фејсбук профил, таму ќе забележите фотографии со членови на скопското подземје. Освен во близина на Раде Штекли, како и со познати скопски угостители, но и со јавни личности.
Самиот Голубовски сведочеше во Лазаров Подкаст дека прекарот Кнеле сам си го доделил, бидејќи бил импресиониран од српскиот дизелаш Александар Кнежевиќ – Кнеле, кој беше убиен во 1992 година.
Освен тоа, јавноста го памети и како херој во спотот за песната „Алал Вера“ на раперот Марко Маринковиќ – Слаткаристика.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.