
Живот
Култура
Започната реконструкција на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон, објави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев!

Се обновува столаријата, а предвидена е и реконструкција на подот, тоалетите, замена на прозорците, како и поставување на нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација.
На овој начин го враќаме автентичниот изглед на главниот конак, кој со години делуваше запуштено и неуредено, вели Богоев!
Свети Пантелејмон е еден од белезите на Скопје, но и наше културно наследство кое треба да го чуваме.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.