Финансиските средства за реконструкцијата на музејот во висина од 800.000 евра се обезбедни со грант од Светска банка.

Објавил: Стојче Бушин | 28 јуни, 2020 17:12

СЕ РЕКОНСТРУИРА МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во тек е реконструкција на изложбениот простор во Музеј на град Скопје. Реконструкцијата треба да заврши до ноември, а Скопје ќе добие современ изложбен простор по сите светски стандарди.

Финансиските средства за реконструкцијата на музејот во висина од 800.000 евра се обезбедни со грант од Светска банка.

Основан во 1949 г, а од 1970 г. Музејот е сместен во пренаменетиот дел од старата железничка станица која делумно била разурната во скопскиот земјотрес од 1963 г. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага со простор од 4.500 м2, од кои 2.000 м2 е изложбен простор.

Во тек е реконструкција на изложбениот простор во Музеј на град Скопје. Реконструкцијата!

Оттогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, уметничката историја на подрачјето на Град Скопје. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и неговата јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство.

Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по повеќе одделенија: археологија, историја, етнологија, историја на уметноста, архитектура, урбанизам и дизајн, едукација, фотографија, видео и дигитализација, а работи и музејска библиотека!

Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија Благоја Дрнков и донацијата на jапонска графика укијо-е. Во 1991 г. Љубомир Белогаски му подари на Музејот на Град Скопје 159 дела (претежно акварели).

Оваа збирка, која има исклучителна вредност и прва од таков вид во државата, го овозможи формирањето на галеријата при Музејот на Град Скопје што го носи името на донаторот Љубомир Белогаски и во која чувајќи го споменот за него постојано се изложени неговите дела.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Историја

Македонската света земја којашто Вие со македонска крв ја окупиравте, не Ви ја продадовме, ниту Ви ја подаривме.

ТОДОР ПЕТРОВ: ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Свесни ли се Заев и неговата камарила до кое дереџе ја доведоа државата и нацијата,...

– Оние што се Бугари се Бугари, оние што се чувствуваа како Македонци, ги поделија на словенско-македонци и антички Македонци.

Каракачанов му одговори на Димоски: Не добивате ништо со вакви ШИЗОФРЕНИ РЕАКЦИИ- губите!

Точно е, во Бугарија живеат повеќе Македонци, отколку во самата Македонија, вели бугарскиот...

Денес во Софија и цела Бугарија живеат повеќе луѓе од Македонија од тоа што живеат тука кај нас, во овој мал дел на Македонија. Тоа навистина не прави блиски.

ДИМОСКИ: Асимилацијата на Македонците во Бугарија ја разбираме како потреба за грдење на монолита бугарска нација

Трагедиите низ историјата го однеле Македонецот насекаде низ светот, но најмногу низ...

Јосип Броз - Тито (српскохрватски и словенечки: Josip Broz - Tito, Кумровец, 7 мај 1892 - Љубљана, 4 мај 1980) — југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Четириесет години од смртта на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито!

Четврти мај, 1980 е најтажното неделно попладне за Југославија. Тогаш умре доживотниот...