Во текот на наредниот период, во ова основно училиште, со средства на Општина Охрид планирана е реконструкција на дограмата во подрачниот објект во населба Далјан, а ќе биде извршено и бојадисување на внатрешните ѕидови во централниот училишен објект.

Објавил: Стојче Бушин | 20 август, 2020 7:02

Се реновираат училиштата во Општина Охрид

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите со нов ламинат, изјави градоначалникот на општина Охрид, Константин Геогриевски!

Материјалите за поплочување беа обезбедени од страна на Општина Охрид, преку донација на локална компанија, која се занимава со трговија на градежни материјали.

Покрај училишните простории во подрачниот објект, ќе биде извршена промена на подовите и во една училишна просторија во централниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“.

Со поддршка на Општина Охрид, деновиве се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“.

Во текот на наредниот период, во ова основно училиште, со средства на Општина Охрид планирана е реконструкција на дограмата во подрачниот објект во населба Далјан, а ќе биде извршено и бојадисување на внатрешните ѕидови во централниот училишен објект.

Благодарение на донацијата за реконструкција на подови, во текот на наредниот период се очекува да бидат поставени нови ламинатни подови, во дел од училишните простории во ОУ „Григор Прличев“ и во подрачниот објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во село Коњско.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди министерката за образование и наука Мила Царовска.

Онлајн-наставата во 88 отсто од училиштата се одвива без пречки, тврди Мила Царовска

Министерката за образование, Мила Царовска најави дека е можно наставниците да предаваат...

За донациите од многу компании што се случуваат на локално ниво, Царовска рече дека тие во минатите две недели се во комуникација со градоначалниците за да донираат маски и ИКТ опрема.

Царовска: 87 отсто од учениците без проблем следат онлајн настава

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека 87 отсто од учениците...

Настанот беше отворен со инсталација со училишни ранци за да им се оддаде признание и благодарност на наставниците за клучната улога што ја имаат во обезбедување квалитетно образование и поддршка на децата при исполнување на нивниот потенцијал.

Заев по повод Светскиот ден на наставникот: Оваа учебна година е различна од сите претходни

Заслужени се благодарноста и почитта кон наставниците, за нивната голема посветеност...