И покрај состојбата со Ковид-19, продолжуваме со подобрување на условите во здравствените установи, вели Филипче!

Објавил: Стојче Бушин | 15 август, 2020 12:55

Се реновира Клиниката за максилофацијална хирургија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија. Огромна благодарност до американската амбасада, која донираше средства за комплетно реновирање на целата установа, информираше министерот Филипче.

 И покрај состојбата со Ковид-19, продолжуваме со подобрување на условите во здравствените установи, вели Филипче.

Досега реновиравме 32 установи, а во тек е подобрување на повеќе клиники и болници во државата. Јавното здравство го подигнавме на повисоко ниво.

Во тек е реновирање на Клиниката за максилофацијална хирургија!

Вчера, бројот на активни случаи од ковид-19 изнесуваше 2950. Последен пат под 3.000 активни случаи се регистрирани на 23 јуни. Пристапот на широко тестирање дава резултати.

Во изминатите 24 часа регистриравме и рекорден број на направени тестови – 2172. Со ова, вкупната бројка на тестови во нашата земја достигна 123122. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките. Само заеднички може за да се избориме со овој вирус. Преку носење заштитна маска, одржување на физичка дистанца и често миење на раце да го стопираме ширењето на ковид-19. Да бидеме одговорни за нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски, изјави Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...

„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму?

Травари: Кога се превземаа вакцините од Србија не требаше пола влада да оди на Табановце

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари,...

Мерките за заштита од Ковид-19 придонесоа за намалување на бројот за заболени и на пациенти од сезонски грип. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасната заштита од ова заболување.

НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ: ЗА 92,55 ОТСТО ПОМАЛКУ ЗАБОЛЕНИ ОД СЕЗОНСКИ ГРИП, ВО ОДНОС НА МИНАТАТА ГОДИНА

Во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е...