Осуден на доживотен затвор

Објавил: Калина Мартинска | 8 јуни, 2024 18:49

Се самоуби затвореникот кој со 40 убоди од нож ја уби Танкица Маладеновска од Кочани

Фото/Текст извор: ©sdk.mk

Во притворското одделение на Казнено поправната установа Куманово – затвор Кшање ноќеска се обесило лице осудено на доживотен затвор. Станува збор за Усеин Рашидов од Кочани, кој пред една година ја уби Танкица Младеновска од Кочани.

Безживотното тело на затвореникот го пронашле неговите двајца цимери во притворската келија кога станале од спиење, по што пријавиле кај стражарската служба. Човекот бил врзан со чаршаф за креветот.

„Во 6 часот до командирот е пријавено дека е пронајден починат У.Р, кој си го одзел животот со бесење. Веднаш е повикана Брза помош, при што лекар констатирал смрт кај лицето. Известени се сите надлежни институции, МВР, ОЈО Куманово, извршен е увид на лице место, а телото е предадено на обдукција“, изјави Ненад Цветковиќ, директор на КПУ Куманово-затвор Кшање.

Рашидов беше осуден на доживотна казна затвор за стореното свирепо убиство, кој лани со 40 убоди ја усмрти Танкица.

Пресудата на Основниот суд во Кочани се уште не е правослина, бидејќи течат жалбените постапки, а во овој суд во тек беше и постапката за Рашидов за сторено кривично дело уцена, бидејќи со години изнудувал пари и ја уценувал Танкица со компромотирачки фотографии.

Пресудата за доживотоен затвор на Рашидов стигнала на 9 мај, но се уште не била правосилна, поради што бил во притвор.

Пред дваесетина дена, во истото притворско одделение се обеси и шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, осомничен за двојно убиството и обид за убиство. И тој бил пронајден мртов откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.