
Македонија
Трагедија
Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во ГОБ „8-ми Септември“ се фрлил од прозорец од првиот кат.
Информацијата за Фокус ја потврдуваат од МВР и болнички извори.
Пациентот се фрлил од првиот кад на Ковид-центарот и не го преживеал падот.
Неофицијално, пациентот бил хоспитализиран неколку дена и имал психички проблеми.
Самоубиствата се меѓу првите 20 водечки причини за смрт, вкупно за сите возрасти во светот.
Секоја година повеќе од 800000 луѓе умираат поради самоубиство. Ова грубо одговара на едно самоубиство на секои 40 секунди. Самоубиството во некои земји е меѓу трите водечки причини за смрт кај лицата на возраст од 15-44 години и втора водечка причина за смрт во возрасната група од 10-24 години.
Овие податоци не ги вклучуваат обидите за самоубиство.
Бројот на обиди може да е повеќекратно поголем од бројот на самоубиства (10, 20 или повеќе пати, според некои истражувања).
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.