Дамјан продолжил по стапките на татко му, запишувајќи се на Факултетот за музичка уметност на отсекот - соло пеење. Истовремено, и тој започнал музичка кариера: на фестивалот „Филиграни“ ја добил наградата за најдобар дебитант, а на „Гоце фест“ ја освоил првата награда на публиката, за песната „Ај со господ напред“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 февруари, 2020 10:42

Се сврши синот на Војо Стојаноски- ова е вереницата на Дамјан (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот на покојниот Војо Стојановски кој беше еден од најдобрите македонски пејачи, Дамјан Стојановски веќе одамна оди по неговите стапки кога станува збор за музиката. Дамјан како и својот татко има златно грло и не бега од своите корени.

Дамјан продолжил по стапките на татко му, запишувајќи се на Факултетот за музичка уметност на отсекот – соло пеење. Истовремено, и тој започнал музичка кариера: на фестивалот „Филиграни“ ја добил наградата за најдобар дебитант, а на „Гоце фест“ ја освоил првата награда на публиката, за песната „Ај со господ напред“.

Дамјан Стојановски кој имаше само 18 години кога почина неговиот татко, сега порасна. Тој на својата мајка и донесе неизмерна среќа, кога ја побара за жена својата долгогодишна девојка Елена Билеска.

Прекрасната вест на својот Фејсбук профил ја сподели токму Евица Камберова-Стојаноска мајката на Дамјан.

 

„Дамјан и Елена официјално, кажаа ДА за љубовта и за заедничкиот живот. Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа…Да се среќни и вечни!“ напиша таа на Фејсбук.

Инаку Војо Стојановски отпеа песна посветена на својот син Дамјан, и поврзана токму со неговата свадба која нажалост не ја дочека. 

По кратко боледување, Војо Стојановски починал на 6 мај 2014 година.

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.