Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко рамноправно родителство и мојата намера е да продолжам така да се однесувам.

Објавил: Сара Фемина | 30 ноември, 2019 10:38

Се случија работи кои една мајка не требаше да ги дозволи: Поповиќ во интервју зборува за синот, Северина и старателството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Милан Поповиќ за Курир.рс, прифати да ја искоментира пресудата на која старателството над малолетниот син со Северина, му припадна нему.

Поповиќ вели дека Северина ќе може да го посети синот кога ќе посака, без разлика на пресудата.

Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко рамноправно родителство и мојата намера е да продолжам така да се однесувам. Прво ќе и предложам на Северина детето да биде со неа, доколку бидам спречен поради работата да се грижам за него.

Дали очекувавте ваква пресуда?

Оваа пресуда требаше да биде донесена од порано. Оваа постапка се оддолжи поради тоа што Северина не доаѓаше на рочиштата и тактиките кои ги одолговлекуваше нејзиниот адвокатски тим.

Задоволен или не задоволен, во овој момент тоа не е битно. Битно е дека оваа пресуда е најдобра за нашето дете.

Мислите дека Северина не е добра мајка?

Не можам да одговорам на ова прашање, но факт е дека во последно време се случија работи кои една мајка не смееше себе си да си ги дозволи. Овде не се работи дали одземањето на дедето од мајката, како што тимот од Северина упорно се обидува да претстави во медиумите. Детето во иднина едноставно повеќе време ќе поминува кај мене, а помалку кај мајката.

Како ќе му објасните на синот дека ќе живее кај вас?

Не можам да зборувам за деталите за мојот син.

Какви се вашите права, а какви се правата на Северина?

Нашите права секогаш беа исти и ќе бидат еднакви, се надевам дека Северина ќе свати дека конечно на нашето дете ќе му пружиме мирно детство.

Дали Северина ве контактираше откако ви го предаде синот?

Таа не разговара со мене еве веќе неколку години.

Хрватската пејачка Северина го загуби старателството над својот малолетен син, откако судот пресудил привремено Александар да живее со таткото, бизнисменот Милан Поповиќ.
Правниот тим на Поповиќ, а и самиот тој, велат дека се задоволни од одлуката на судот и пресудата, иако истата уште не е правосилна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Како дете ги обожавав приказните. Немаше приказна што ја немав гледано и снимено на видео лента. Ги знаев сите реплики напамет.

ВЛАДО ДОЈЧИНОСКИ ЗА МАГАЗИН: За успехот треба да одвоите време и да учите од подобрите од вас!

Познатиот македонски актер Владо Дојчиноски, познат по своите улоги во македонските...

Постојат вакцини против коронавирус кои влијаат врз животните, но не и коронавируси кои влијаат врз луѓето.

ШОК ИНТЕРВЈУ СО ПРОФЕСОР ОД ИЗРАЕЛ: Открива дали од КОРОНА ќе бидат МРТВИ МИЛИОНИ ЛУЃЕ!

Исаија Аркин е професор по структурна биохемија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим,...

Почнуваме за кратко. За вистината, за лошата сегашност и за иднината. За борбата на мафијата и нашата борба за Македонија!

Започна борбата за вистината: МИЦКОСКИ- За борба против мафијата и нашата борба за Македонија

Започна долгоочекуваниот дуел на Канал 5 помеѓу лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски...