
Забава
Интересно
Се спојуваат автомобилските компании Фиат Крајслер“ (ФЦА) Рено откако завршија со преговорите кои траеја неколку дена.

Кaко што вели автомобилската компанија ФИАТ, со ваквата спогодба би се создал производител на автомобил што би продавал 8,7 милиони возила годишно, на сите клучни пазари.
Како што велат од компанијата со овој договор ќе постигнат до пет милијарди евра годишна заштеда на компанијата.
– Широкото и комплементарно портфолио на двата бренда би овозможило целосна покриеност на пазарот, од луксуз до секојдневие, се додава во соопштението на ФЦА.По исплата на специјална дивиденда од 2,5 милијарди евра на акционерите на ФЦА, секоја групација би добила по 50 отсто од комбинираниот ентитет во нови акции.
Прифаќањето на ваквиот договор беше потребено поради притисокот за консолидација меѓу производителите на автомобили предизвикан од електрификацијата, заострување на прописите за емисија на штетни гасови и поскапите нови технологии.
„По внимателно разгледување на условите од пријателскиот предлог на FCA, бордот на директори одлучи со заинтересираност да ја проучи можноста за таа деловна комбинација, од аспект на зајакнување на производните основи на групацијата рено и генерирање додадена вредност за алијансата“, се наведува во соопштението на Рено.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.