Нарачател на атентатот е висок функционер на ДУИ, кој минатиот месец, два до три дена престојувал во Чикаго, каде што живее Ел Чека.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јули, 2019 22:40

СЕ СПРЕМА ЛИКВИДАЦИЈА НА ЕЛ ЧЕКА: Висок функционер на ДУИ нарачател на атентат врз “БОМБАШОТ”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Шеќерим Ахмеди или во јавноста познат како „бомбашот“ Ел Чека и натаму жестоко ја дрма јавноста во Македонија со неговите бомби кон функционерите од ДУИ, кои по се изгледа им нема крај. 

Премиерот Зоран Заев денеска јавно го повика Ел Чека да ги објави разговорите и од него.

Заев беше дециден дека кога тогаш Ел Чека ќе одговара пред правосудството, бидејќи објавува приватни разговори од лица, кои според премиерот се разговори снимени на незаконски начин, во периодот од минатата извршна власт од 2008 до 2014 година.

„Зоран Заев знам дека те боли што ти пропадна организираниот криминал што го имаше во СЈО, ти пропадна планот за рекетирање и уценувања. Јас сум ги прекршил законите?“ – пишува Ел Чека.

Имено, според извори од весникот Лајм, Ел Чека наводно во правосудните органи на Соединетите Американски држави, пријавил дека против него се подготвувал атентат. Како што тврди весникот нарачател на атентатот е висок функционер на ДУИ, кој минатиот месец, неколку дена престојувал во Чикаго.

Изворот вели дека Ел Чека се сомнева дека засегнатиот функционер на ДУИ им дал, или им ветил пари на некои Албанци кои живеат во САД, а кои претходно соработувале со Југословенската УДБА, а сега со тајната служба на Србија и на Македонија, за да извршат атентат врз Ел Чека.

Ел Чека за наредниот петок ги повика граѓаните на протест, а најавата доаѓа по пуштената бомба од 12 минути за случајот Мартин Нешковски, со цел како што порача побрзо отворање на меѓународна истрага за Диво Насеље. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави Пресинг ТВ, град Скопје склучил договор за набавка на  еден литар лозова ракија и коцки мраз во вредност од 450 денари.

Шилегов купил еден литар ракија и коцки мраз со народни пари

Граѓаните револтирани ја примија веста дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов...

Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

Шилегов: Ми викаат многу работиш ама не знаеш да се фалиш!

На денешниот завршен настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“ градоначалникот...

Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Спасовски: За мене е поважен интегритетот на граѓаните отколку дали ќе бидам технички премиер!

“За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како...