Откако Еквадор го повлече азилот за основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, тој беше ексресно уапсен!

Објавил: Македонка Димкин | 1 ноември, 2019 23:38

Се спрема ликвидација на основачот на „ВИКИЛИКС„ Џулијан Асанж?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Известувачот на ОН за тортура, Нилс Мелцер оцени дека третманот  врз  основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, го загрозува неговиот живот.

Тој изрази загриженост поради здравствената состојба на Асанж по апсењето и притворот од почетокот на годинава, наведувајќи дека „неговиот живот е во опасност“.

»Ако Велика Британија не го промени однесувањето и нехуманата ситуација во која е и натаму изложен Асанж со арбитражноста и кршењето на неговите права, би можело да го чини и живот – рекол Мелцер.

Еквадор на 16 август 2012 година го одобрил политичкиот азил на Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни истата година. Британските власти соопштиле дека без оглед на одлуката, нема да дозволат Асанж да ја напушти земјата, затоа што „се истрајни во намерата да го испорачаат“. Асанж кој ги негира сите обвинувања, тврди дека позади одлуката да биде испорачан се крие намерата Шведска да го испорачаат на властите во САД. На 11 април, 2019 година Еквадор го укинал азилот за Асанж, а веднаш потоа бил уапсен од страна на британската полиција.

Тој рекол дека посебно е загрижен поради новите информации од неколку доверливи извори, според кои Асанж влегол во „волшебен круг на анксиозност, стрес, немоќ, што е типично за лице изложено на продолжена изолација и постојана арбитрарност“.

Во САД Асанж е обвинет по 18 точки, вклучувајќи заговор, хакирање на владата и шпионажа. Во 2012 година тој се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон откако државата му даде азил. Тој тогаш избегна екстрадиција во Шведска каде пак е обвинет за сексуално злоставување. Во амбасадата во Еквадор се засолна цели седум години, сè додека не беше уапсен. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Шефот на НАТО, исто така, рече дека е важно Британија да ја преиспита улогата на Huawei во својата 5G мрежа со цел да се обезбеди нејзината безбедност.

СТОЛТЕНБЕРГ ВО ПАНИКА: Кина ќе не престигне во се- Пекинг се приближува кон Западот на различни начини

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави во средата дека Западот не може...

Во писмото се потенцира дека отворањето на внатрешните граници мора да се изврши на координиран и недискриминаторски начин врз основа на јасни, вообичаени и транспарентни епидемиолошки критериуми.

Италија и Шпанија упатија заедничко писмо до европската комисија: Да се ​​отворат границите на земјите членки на ЕУ!

Премиерите на Италија и Шпанија, двете членки на Европската унија кои се најпогодени...

Министрите Турковиќ и Дашиќ ја истакнаа потребата за наскоро нормализирање на граничните режими во целиот регион, со цел да се обезбеди непречен проток на луѓе.

ПОТВРДЕНО: Босна и Херцеговина ги отвори границите за граѓаните на Република Србија!

Босна и Херцеговина донесе одлука да се отворат гранични премини за српски државјани,...