Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството.

Објавил: Македонка Димкин | 12 септември, 2019 18:19

Се спремаат ли да го апсат Мицкоски? ОЈО ги разгледува исказите, Мицкоски тука сум апсете ме!

Фото/Текст извор: ©тв24

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството. Но дали и во кое својство би бил повикан ќе одлучи обвинителот кој го води предметот

„Согласно закон повикување на „свиркач“ се однесува само за кривични дела за кои нема постапки, во случајов се работи за предмет што е длабоко навлезен во истрагата од што се подразбира дека е нарушена тајноста на постапката, а со тоа е сторено кривично дело. Од извршените проверки е утврдено дека објавените записници и други докази посочени на вчерашната прес конференција не потекнуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителството доколу утврди елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности.“- одговорија од ОЈО.

Мицкоски пак вели дека се уште не бил повикан од обвинителството да даде исказ, но очекува да го осудат и апсат. Пак се закани дека ако истрагата запне, тогаш тие ќе ги објават документите кои ги добиле од „свиркач“.

„До овој момент немам добиено никаква покана од ОЈО,но во епицентарот на Заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така шти тука сум гонете обвинувајте апсете.“- изјави Мицкоски.

Смета дека не влијаел на истрагата за „Рекет“.

„Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие докумнети, тогаш можеби би влијаеле на истрагата“. – изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството. Но дали и во кое својство би бил повикан ќе одлучи обвинителот кој го води предметот врз база на доказите. Од обвинителството велат- записниците од исказите со кои вчера се закануваше Мицкоски, не протекле од кај нив.

Според СДСМ пак поседувањето на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело. Обвинуваат дека Мицкоски ја поткопува истрагата за „Рекет“ и патот на земјава кон ЕУ и НАТО.
„Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет. Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец“.- Коста Костадинов портпарол на СДСМ.

„Рекет“ пак неделава е на пауза со искази на лица кои можат да помогнат во истрагата. Првоосомничениот Боки 13-ка денска пак заврши во болница и е вратен во „Шутка“, трет пат откако е во притвор. Мерката притвор за Боки 13-ка и второосомничениот Зоки Кичеец важи до недела. Не се знае дали обвинителството ќе побара продолжување по трет пат. Од таму велат дека во моментов ги анализираат материјалните и вербалните докази.

Во притвор од 21-ви минатиот месец е и специјалната обвинителка Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На прашањето што Република Македонија треба да направи за да влезе во ЕУ,  тој одговори дека нашата држава најпрво би требало да ги имплементира стандардите на ЕУ, кажа Жбогар.

Жбогар искрен до болка: Во овој момент не може да влезете во ЕУ!

На денешната прва посета на Пробиштип, евроамбасадорот Самуел Жбогар потсети дека...

Заев посочи дека овој пат имаат новитет односно на изборните листи или како што ги нарекува тој машко-женски листи како еден патент модел, односно 50 отсто мажи и 50 отсто жени

Заев: Сакаме за прв пат да направиме предизборна коалиција со партии од албанскиот блок

Поранешниот премиер на државава и претседател на една од најголемите партии во Македонија,...

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април во Собранието во Кривичниот суд во Скопје. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Позадината на нередите на 27 Април, кој беше креаторот и зошто?

Денес почнува судскиот процес за наводно организаторите на насилствата од 27 април...