Хеликоптер „Газела„ кој е во сопственост на Армијата на Република Србија, се сруши денеска попладне во регионот на аеродромот Лаџевци, во текот на редовната вежба.
Од Министерството за одбрана соопштено е дека до несреќата дошло околу 19:10 часот, во регионот на селото Рутевац во општината Алексинац, во текот на редовната вежба за воздухопловна обука „аеродромско слетување„ и дека во таа прилика е оштетен хеликоптер газела ХО 42 од 1998 година од воздухопловната и против воздухопловната одбрана.
Во хеликоптерот се наоѓале двајца членови на екипажот, кои спрема докторските прегледи немаат тешки повреди и се наоѓаат вон животна опасност, се наведува во соопштението објавено на сајтот од министерството за одбрана.
Во наредните денови ќе се утврдува причината за несреќата.
Газела е лесен и повеќе наменски хеликоптер, кој се користи за обука на пилоти и лесен транспорт. Во Армијата на Република Србија овие хеликоптери се најбројни.
Се произведуваа по лиценца во фабриката во Мостар “СОКО”
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.