Надлежните молчат

Објавил: Калина Мартинска | 10 јуни, 2024 22:35

Се сруши дел од потпорен ѕид на Клинички: Ангелов предупредува за поголема катастрофа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Се урна потпорниот ѕид и дел од оградата на Државната детска клиника. Пријавата е поднесена од страна на граѓани до Центарот за управување со кризи. Но ова не е првпат да биде пријавено, а дописи се испратени и до Министерството за здравство.

Претходно за овој проблем неколкупати предупреди и алармираше првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој рече дека ѕидот е накосен и ќе падне, но никој не изреагира. Ангелов уште денеска се обрати за оваа тематика.

На прашање дали е сериозна ситуацијата, тој вели дека не е стручен за тоа колку е стручен за тоа колку е сериозно, но дека јасно се гледаат штетите.

Пред околу една ипол година стигнаа пријави од граѓани дека постои опасност да падне потпорниот ѕид кој е на улицата над Клиниката за детски болести на улицата Мајка Тереза. Ги известивме сите надлежни институции, Министерството за здравство, градот Скопје, општината Центар и МВР и други институции. За жал година ипол подоцна не е преземено ништо. Состојбата со ѕидот е влошена. Утрово добивме пријава дека дел е срушен. Прашање е на време кога ќе се сруши остатокот. Меѓу другото, под ѕидот се паркираат возила и минуваат лица кои се движат во кругот на државната болница. Апелираме до општина Центар и градот да се зафатат со санирање на проблемот. Итно да се зафатат со решавање на проблемот. Пролемот е комплексен затоа што на самата улица Белградска која го разграничува Клиничикиот центар од куќите кои се наоѓаат над него, постои систем на канали и шанси кои се во лоша кондиција, не собираат вода кој надоаѓа од падините на Водно. Сопственоста не може да ја утврдиме. Во најлошо сценарио можно е возилата кои возат по два правци кои едвај се разминуваат и да има трагедија во која ќе бидат опфатени и возила. Во опасност се човечки животи, здравје, но и човечки имот, мислејќи на паркираните возила – вели Ангелов.

Тој заклучува дека треба да се најдат начин да се започнат со конкретни дејства.

Од Град Скопје се изземаа од одговорност и посочија дека Општина Центар и Министерството за здравство се одговорни за овој проблем.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести