На Твитер се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој предложи за гаснењето на пожарот да се искористат „летечки водени танкери“.

Објавил: Сара Фемина | 15 април, 2019 21:30

Се сруши кулата на катедралата “Notr Dam” во Париз !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како последица на пожарот кој ја зафати историската „Нотр Дам„ во Париз вечерва се урна и кулата во катедралата.

Голем пожар во 18:50 часот избувна вечерва во најпознатата катедрала во Париз „Нотр Дам„

Портпаролот на катедралата, Андре Фино, потврди дека целата структура на катедралата е во пламен.

Од полициските служби јавуваат да се избегнува овој простор и да се ослободи патот за возилата кој доаѓаат. Ова соопштение е доставено до јавноста бидејќи противпожарната служба и Итната помош мора да интервенираат нормално. Градоначалничката на Париз Ан Идалго на Твитер напиша дека противпожарните екипи се обидуваат да го стават под контрола огнот кои беснее.

„Ужасен пожар е во тек во катедралата Нотр Дам во Париз. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола огнот. На локално ниво сме мобилизирани и во постојан контакт со црковните власти, напиша на Твитер.

Фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат како излегува густ чад над 850 години старата готска градба.

 Од полицијата се уште не изјавуваат која е причината за пожарот, но се претпоставува дека е можно да е поврзано со реновирањето на катедралата.
Претседателот Емануел Мактон требаше да се обрати на јавноста, меѓутоа тој ја откажа прес конференцијата, поради поради за сега непознати причини.

На Твитер се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој напиша за гаснењето на пожарот може да се искористат „летечки водени танкери“.
Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија).

Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од претходната романска архитектура.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Како што пишуваат француските медиуми, Францускиот министер за природна средина Франсоа де Ружи, кој важи за близок соработник на претседателот Емануел Макрон, поднесе оставка по извештаите за скапи вечери платени од државни пари и злоупотреба на субвенционирани станови.

Mинистер си поднесе оставка бидејќи платил вечера со сопругата со службена картичка

Да се биде политичар е многу одговорна функција и треба да се биде пример за секој граѓанин,...