Бил осомничен за друго кривично дело

Објавил: Калина Мартинска | 11 декември, 2024 14:44

Се трага по Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за убиството на Вања

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода.

„Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостпаен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор. Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, рече Гаврил Бубевски.

Клучен сведок не се појави на судењето за убиството на Вања

„Сведокот Гоце е осомничен за друго кривично дело, и тој е недостапен за обвинителството“. Ова го изјавија од Јавното обвинителство денеска на брифинг на прашање на ТВ21 за убиството на Вања и на Панче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.