
Живот
Земјотрес
Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер пред во 14:30 часот по локално време ја погоди Атина, пренесува „Катимерини“.
Како што пишува весникот “Катимерини„ епицентарот на потресот бил на 23 километри северозападно од главниот град.
Засега нема информации за повредени и за причинета голема материјална штета. Според прелиминарните податоци, земјотресот имал сила од 5,3 степени, а треперењето кратко време по 13 часот траело најмалку 15 секунди.
Локалните медиуми известија за прекини на струја во централна Атина и прекини на телефонските линии.
Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицентарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло.
Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.