ЕМСЦ соопшти дека, според проценките, на подрачјето на кое е регистриран земјотресот, живеат околу 30 милиони лица.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 јули, 2019 10:08

СЕ ТРЕСЕ ЈАПОНИЈА: Силен земјотрес во близина на островот Хоншу!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопшти Европскиот центар за следење на земјотреси (ЕМСЦ), вчера силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, во близина на јужниот дел на островот Хоншу.

Се уште нема детални информации дали земјотресот предизвикал материјална штета и дали има евентуални жртви.

Според процените, на ЕМСЦ, на подрачјето на кое е регистриран земјотресот, живеат околу 30 милиони лица.

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, во близина на јужниот дел на островот Хоншу.

Хоншу е најголемиот остров во Јапонија, кој се нарекува уште и јапонско копно. Се наоѓа јужно од Хокаидо преку преминот Цугару, северно од Шикоку и североисточно од Кјушу преу преминот Канмон. Тој е седмиот најголем остров и вториот најнаселен во светот по островот Јава во Индонезија.

Островот е долг приближно 1.300 км и се протега од 50 до 230 км во ширина, а неговата вкупна површина е 230.500 км2, и зафаќа околу 60% од вкупната површина на Јапонија. Хоншу има брег долг 5.450 км.

Хоншу е планинско-вулкански остров на кој има чести земјотреси. Најголемиот врв е активниот вулкан Фуџи, висок 3.776 м. Има многу реки, вклучувајќи ја и најдолгата јапонска река Шинано. Климата е варијабилна – од ладниот север до суптропскиот југ.
Бројот на населението изнесува 103.000.000 жители и е највеќе сконцентрирано во низините, особено во низината Канто.

На Хоншу се наоѓаат најголемите јапонски градови: Токио, Кјото, Осака, Кобе, Хирошима, Сендај и Нагоја. Островот е поделен на пет региони и содржи 34 области, вклучувајќи го и Токио.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Земјотресот бил со јачина од 6,9 степени и бил почувствуван во соседните земји, Сирија, Либан и Иран.

СВЕТОТ ТАГУВА: Најмалку 20 загинати и 920 повредени во земјотрес од 6,7 степени во источна Турција

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го зафати источниот дел на Турција...

Земјотресот го регистрираше Сеизмолошкиот институт на Црна Гора 15 минути по полноќ, а епицентарот се наоѓа на 18 километри јужно од Медова.

АЛБАНИЈА ПОГОДЕНА СО НОВ ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,2 СТЕПЕНИ: СЕ ТРЕСЕ И ЦРНА ГОРА

Новиот земјотрес кој беше регистриран во Албанија со јачина од 4,2 степени по Рихтер,...

Хрватската владата денеска донесе одлука да испрати хеликоптер на хрватската армија во Албанија, која беше погодена од серија моќни земјотреси.

СУПЕР ХЕРОИ: Хрватските кучиња трагачи се приклучија во спасувачката акција во Албанија

Кучиња трагачи од Хрватска со хеликоптер вечерва полетаа кон Албанија за да се приклучат...