18 автомобили се пронајдени под урнатините

Објавил: Калина Мартинска | 1 мај, 2024 15:05

Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 24 загинати

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.

Дел од патот долг 17,9 метри се срушил околу два часот наутро, објавија властите во главниот град Гуангдонг, Меижоу, пренесува АП.

„Околу 11:45 часот по локално време, 18 автомобили се пронајдени под урнатините (на патот)“, се вели во извештајот на Си-Си-Ти-Ви.

„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.