Македонските пожарникарски херои целата ноќ работеа на терен и трагаа по преживеани луѓе по страотниот земјотрес кој вчера рано утрото ја погоди Албанија, а беше почувствуван на целиот Балкан.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 ноември, 2019 11:23

СЕ УШТЕ БОЛАТ СПОМЕНИТЕ ОД СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС: Катастрофата во Албанија ја потсети Македонија на болното минато!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По вчерашниот силен земјотрес во соседна Албанија со јачина од 6,6 степени според Рихтер целиот Балкан е на помош. Во текот на вчерашниот ден серија од 60 земјотреси ја погоди Албанија која е завиена во црно и жали по над 25 те загинати кои не можеа да се спасат од под урнатините. Драч е речиси срамнет со земја, глетката е страшна, се уште пристигнува помош и се трага по преживеани. 

-3:30 часот Драч-Албанија. Се работи на терен се уште БППЗ Скопје, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Македонските пожарникарски херои целата ноќ работеа на терен и трагаа по преживеани луѓе по страотниот земјотрес кој вчера рано утрото ја погоди Албанија, а беше почувствуван на целиот Балкан.

Во вчерашниот силен земјотрес загинаа најмалку 25 лица

Македонија се крена на  нозе и испрати тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата.

На вчерашната седница и Владата донесе одлука да се издвојат шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија, а општина Чаир реши да помогне со 12 илјади евра.

Вчера скопскиот градоначалник Петре Шилегов на социјалните мрежи напиша дека екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија, после силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 20 лица.

Екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија, соопшти вечерва градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. -Таму се веќе и нивните колеги од Италија.

Екипите на Град Скопје се пристигнати во Драч и ставени на располагање на надлежните служби во Албанија, соопшти вечерва градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Таму се веќе и нивните колеги од Италија. Заеднички ќе се обидат да спасат што е можно повеќе животи. Истовремено, Ве повикувам, секој во рамките на своите можности да помогне на веќе објавените сметки на Црвениот Крст. За човечки животи се работи. Да помогнеме сите заедно !!!“ напиша Шилегов.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев целиот ден го помина во Албанија каде помагаше на екипите.

Целиот регион дојде на помош, секако во неволја се познава пријателот.

Хрватската владата вчера донесе одлука да испрати хеликоптер на хрватската армија во Албанија, која беше погодена од серија моќни земјотреси, заедно со специјализиран тим за спасување од урнатините.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет.

Силниот земјотрес се почувствува на целиот Балкан но и во Скопје. Тажна е сликата и помислата на катастрофалниот скопски земјотрес од кои стравуваат ѓраѓаните. По вчерашниот силен земјотрес кој беше појак од оној кој го сруши Скопје за земја, граѓаните останаа без сон, и се молеа никгаш да не се повтори онаа 1963 година.

Никогаш да не се повтори Скопскиот земјотрес кој се случи на 26 јули 1963 година во 5:17 часот.

Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути.

Тоа утро животот го загубија од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Скопски земјотрес од 1963 година — природна катастрофа која го зафатила градот Скопје. Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000. Земјотресот од 1963 е еден од најкатастрофалните природни непогоди во Скопје и Македонија.

Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 негови граѓани, биле повредени над 4.000 граѓани.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз – Тито, изјавил:

Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...