Шефот на дипломатијата Османи, пак, истакна дека засега нема официјална одлука за денот и начинот на отворање на границите со Грција!

Објавил: Перо Милчин | 3 април, 2021 11:53

Се чека официјална одлука од Грција за отворање на границата на 14 мај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи очекуваат границата со Грција по повеќе од една година, да бидат отворени на 14 мај, пренесе Канал 5!

Заев денеска во Велес изјави дека министерот за здравство Венко Филипче добил потврда од грчките власти дека се планира границата да биде отворена од 14 мај, со поврда за примена вакцина или со ПЦР тест.

Заев вели дека Грција како членка на Европската унија, сепак, остава одредена резерва, бидејќи ЕУ може да донесе некои други правила.

Отворањето на границата, според него, е многу важно за нас поради економските активности, трговијата, туризмот… Заев очекува од средината на мај слободно да се патува во Грциј како што е во повеќето земји во регионот, а се надева дека по тој пример ќе одат и другите држави од ЕУ.

Шефот на дипломатијата Османи, пак, истакна дека засега нема официјална одлука за денот и начинот на отворање на границите со Грција.

Очекувам дека сигурно ќе има одредени барања кои што треба граѓаните да ги исполнат за да може да ја поминат границата. Тоа за што ние интензивно разговараме со грчката страна е во однос на транспортните коридори, односно поминување на камионите и новите регулативи за возачите, изјави Османи на денешната прес-конференција во МНР.

Тој посочи дека неделава имал состанок со грчкиот амбасадор, на кој основна тема било да се дефинира терминот и начинот како нашите граѓани ќе може да патуваат во Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

На средбата премиерот на Шпанија, Педро Санчез истакна дека неговата земја е силен поддржувач на Македонија во остварувањето на оваа цел нагласувајќи дека поддржува почеток на преговорите и за Македонија и за Албанија во исто време.

Заев – Санчез: Историска посета со која се зајакнуваат односите меѓу Северна Македонија и Шпанија, прогресивните сили мора да се поддржуваат меѓусебно

На денешната, прва средба на премиерско ниво на шефовите на владите на Македонија и...

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ, наведува Шекеринска, не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен.

ПОТПОЛКОВНИКОТ ПРИСТИГНА ВО СКОПЈЕ, СОСТОЈБАТА МУ Е ДОБРА

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во...

“Фокус” вчера објави дека постои сомнеж дека војникот е заразен со африканскиот сој на Ковид-19. Според досегашните информации африканскиот сој е еден од најразорните соеви досега.

Заразениот војник од Африка вечерва пристигнува во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес-конференција соопшти...