Општина Центар и полицијата денеска ја продолжија акцијата на рушење на терасите на кафулината на познатата скопска улица „Ленинова“.

Објавил: Валерија Петрова | 12 јуни, 2019 14:36

Се чисти Ленинова – се рушат терасите на скопските кафулиња

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Скопските угостители повторно на тешки маки, надлежните ги рушат нелегалните тераси, оваа акција започна вчера откако беше срушената тарасата на новата кафеана „Шпајз“, која според најавите со работа требала да започне денеска, раководена од градоначалникот Саша Богдановиќ велат дека тераста е турната бидејќи е изградена нелегално и дека уште кај 12 други вакви слични објекти почнале да отстрануваат.

Општина Центар и полицијата денеска ја продолжија акцијата на рушење на терасите на кафулината на познатата скопска улица „Ленинова“.

Од општината инфомираат дека во тек се активности за отстранување на терасите на улицата „Ленинова“, а се уриваат терасите на „Република“, „Деус“, „Џус бар“, „Кала“, „Правда“, „45“, „Сушико’.

Дел од сопствениците на кафулињата вчера најавија дека сами ќе ги урнат терасите.

Кај некои уривања на терен повторно излезена е и полицијата заедно со работниците.

-Се што е нелегално ќе биде отстрането, велат од Општината.

Кај сите објекти е констатирано дека отстапуваат од урбанистичкиот план и дека се протегаат на јавна површина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно