Премиерот Зоран Заев во моментов е на зимски одмор и уживање во Германија каде што ќе ги надминува големите стресови по заокружувањето на целокупниот процес со уставните измени.

Објавил: Перо Милчин | 14 јануари, 2019 15:42

Се што имам ми е во Струмица, но ќе трошам кај Меркел!

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Премиерот Зоран Заев во моментов е на зимски одмор и уживање во Германија каде што ќе ги надминува сите стресови по заокружувањето на целокупниот процес со уставните измени како најважниот дел од Преспанскиот договор.


Одморот од премиерот ќе трае една недела, а покрај Германија, планира да посети и други локации во Европа.
Претходната година Заев исто така беше на скијање, но во познатиот италијански туристички центар „Вал Гардена“. Тој е познат љубител на зимските спортови,а често е виден и во Бугарија на зимските центри.

Владината прес-служба го потврди тоа дури откако косовскиот премиер Рамуш Харадинај сподели заедничка фотографија со Заев на социјалните мрежи. Имаше прашања од медиумите, од кога премиерот е заминат во Приштина и каква беше неговата цел ри посетата, а од таму е даден одговор дека премиерот минувал транзитно на пат во Германија во приватен аранжман.

Со косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретнал неформално на аеродромот во Приштина, каде чекал лет за одморот во Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести