Државниот буџет заради зголемувањето на цените на светските берзи на метали, енергенси, храна, транспорт, разни услуги кои заради прекинот на некои ланци на испорака поскапеа, итн сега прибира повеќе приходи од царини и даноци, особено ДДВ!

Објавил: Мате Парлоф | 8 април, 2022 17:42

Се јави Груевски: Додека бев премиер во Македонија се фукнционираше

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Деновиве е актуелно прашањето поточно барањето за зголемување на платите во јавниот сектор во Македонија, како и одговорот на власта дека нема да има покачување заради опасност од инфлација. Тоа е погрешна теза која наликува на изговор.

1. Во периодот додека бев премиер (а претходно во една прилика и како министер за финасии), платите во администрацијата се покачија неколку пати надвор од оние годишни усогласувања на платите со инфлацијата и трошоците за живот и тоа беше направено вклучително и во услови на голема светска финасиска и европска должничка криза и рецесии. Немаше ефект на инфлацијата, или барем не некој сериозен ефект.

2. Ефект на инфлацијата може да има ако тоа зголемување на плати се направи од квантитативни емисии/подршки/стимулации (популарно меѓу народот наречени “печатење пари”), или државни задолжувања кои посериозно и по трајно би го зголемиле буџетскиот дефицит, нешто што никој не го бара сега, ниту пак тоа ќе се случи.

Заштеди и прераспределба во буџетот од едни на други позиции е она што е во опција и тоа неможе да има или барем не некои сериозни инфлаторни ефекти. Некаде и нетреба специјални мерки за заштеди бидејќи неефикасноста во извршување на буџетот ќе заврши дел ИД работата.
Всушност преку-умерените квантитативните подршки независно дали одеа како неселективна распределба на чекови како готовински подршка за населението или квантитативни стимул за изведба на јавни работи но и делумно заради задоцнетите реакции на монетарната политика (централните банки), пред се во најсилните економии во светот заради очигледно погрешното верување на голем број економисти во светот дека инфлацијата ќе е многу привремена и неколку месечна појава, се создаде почетокот на овој проблем во светот, а кој е директно поврзан со кризата предизвикана од последиците од Ковид-19. Подоцна на тоа се надоврзаа повеќе други фактори и причини.

На крајот цената ја плаќа општото население преку инфлацијата. Таа во случајот е еден вид на данок кој е многу рецесивен данок, па дури и ако имаме рамен данок во земјата.

3. Не зголемувањето на платите во услови на околу 9% инфлација на годишно ниво може да доведе до пад на куповната моќ на населението, што би водело кон пад на потрошувачката и ризици од рецесија предизвикани од тоа.

Ова посебно затоа што и пред овој период имаше одредена инфлација и континуирано зголемување на трошоците за живот кои со измена на законите по доаѓањето на новата власт беа недсодветно и нефер третирани.

4. Државниот буџет заради зголемувањето на цените на светските берзи на метали, енергенси, храна, транспорт, разни услуги кои заради прекинот на некои ланци на испорака поскапеа, итн сега прибира повеќе приходи од царини и даноци, особено ДДВ, па оттука има логика дел или сите тие вишоци над проекцијата а создадени со зголемувањето на цените, да се пренасочат во повисоки плати на јавниот сектор, кој сигурно ќе изврши притисок и на приватниот сектор, каде основниот фокус треба да биде во зголемувањето на продуктивноста на трудот.

Фејсбук статус на Никола Груевски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...