Роналдо зборуваше за тешкото и сиромашно детство и притоа побара од луѓето да му помогнат да ги пронајде жените кои му помогнале да не остане гладен во моментите кога немал пари и не можел да си дозволи да си купи храна.

Објавил: Весна Петровска | 20 септември, 2019 11:49

Се јави најбараната готвачка на светот: Роналдо доаѓаше кај мене секоја вечер и добиваше бесплатен хамбургер бидејќи беше гладен, синот не ми верува што му зборувам

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Кристијано Роналдо неодамна гостуваше во британската телевизиска емисија „Good Morning Britain“ во која емотивно реагираше кога новинарот Пирс Морган му покажа видео со неговиот татко.

Роналдо зборуваше за тешкото и сиромашно детство и притоа побара од луѓето да му помогнат да ги пронајде жените кои му помогнале да не остане гладен во моментите кога немал пари и не можел да си дозволи да си купи храна.

– Имав 12 години и бев без пари. Живеев со другите играчи кои ми беа врсници од цела Португалија. Навистина ми беше тешко без семејство. Се сеќавам дека имаше Мекдоналдс во кој добивавме остатоци од сендвичите кои не беа продадени. Во него работеше една жена, се викаше Една и уште две девојки. Се надевам дека луѓето ќе ми помогнат да ги пронајдам, сакам да ги повикам во Лисабон или во Торино на вечера и да им „вратам“ за се шти направија за мене. Никогаш нема да ги заборавам – рече Роналдо.

Ова интервју го пренесоа сите медиуми ширум светот, па по неколку дена се јави и жената која тогаш му помогнала на Португалецот. Станува збор за Паула Леки која се јавила и ја прифатила вечерата на Роналдо. Како што пренесуваат медиумите, Паула речиси скоро секоја вечер ги хранела гладните деца кои во Лисабон тренирале фудбал и живеелена работ од ексизстенцијата.

– Доаѓаа во ресторанот, а кога хамубргерите остануваа добивавме дозвола од менаџерите да им ги поделиме на децата. Еден од нив беше и Роналдо. Беше најплашлив од сите. Ова се повторуваше речиси секоја вечер, рекла Паула и продолжила:

– И понатаму се смеам кога размислувам за тоа. Веќе сум му раскажувала на својот син, но мисли и понатаму дека го лажам бидејќи не може да поверува дека неговата мајка некогаш му дала на Роналдо хамбургер. И нејзиниот сопруг тоа го знае, се сеќава кога доаѓал по сопругата , дека таму стоела многу деца, а меѓу нив и Роналдо.

Португалецот во интервјуто рече дека сака да се заблагодари на сите тие жени и да ги одведе на вечера во Торино или Лисабон.

– Интересно е што сега се зборува за нешто што се случило многу одамна. Тоа покажува колку е тој хуман. Барем луѓето знаат дека не измислува. Ако ме повика на вечера секако дека ќе одам. Прво што ќе направам – ќе му се заблагодарам, а во текот на вечерата, сигурна сум дека повторно ќе се сети на тие времиња, рекла Паула.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Малку е познато на јавноста дека еден од српските најистакнати епидемиолози има некои други посебни таленти, имено д-р Кон не е само успешен епидемиолог, туку и одличен пејач.

Вака пее и свири познатиот српски епидемиолог КОН: Освен медицината ова е неговиот друг талент (видео)

Српскиот епидемиолог Предраг Кон секојдневно ја информира јавноста за состојбата...

Според директивите на Министерството за здравство, сите лиценцирани здравствени установи мораат да ги третираат сомнителните или потврдените случаи како итни случаи.

Има 30 милијарди и другар е со ПУТИН: Се за владетелот во чија земја заразените имаат бесплатно лечење!

Во сите случаи на нов коронавирус во Обединетите Арапски Емирати, пациентите мора...