По изјавата на еврокомесарот Хан дека бројни пратеници од ВМРО - ДПМНЕ се под притисок да не гласаат уставни измени, Антонијо Милошоски реши да му одржи лекција по сатира

Објавил: Мартин Попоски | 9 октомври, 2018 12:22

Се јави првиот пратеник од ВМРО – ДПМНЕ кој побара заштита од Хан

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повикот на еврокомесарот Хан, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ да пријават притисок кој ги запира да гласаат за уставни промени наиде на реакција.

 

Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски со доза на цинизам пријави “закани” до Еврокомесарот Јоханес Хан.

Прв се јави поранешниот министер за надвореши работи на Македонија, актуелен пратеник и претседател на Собраниската комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски.

Милошоски се огласи на повикот на Хан и бара од Европската Унија како и што ветиле, да му озбеди заштита бидејќи имал голем притисок, уцени и закани да не гласа за уставните измени.

Милошоски преку твитер ја посочи и особата. Тоа е неговата баба која ако гласа за уставните измени му се заканила со зборовите: “главата нема да си ја најдеш на рамена”.

Еврокомесарот Хан нема одговорено на барањето за заштита на Милошоски, па се очекува министерот Спасовски да обезбеди дополнителна заштита од неговата баба, по јавно упатената закана по неговиот живот, а се со цел да даде поддршка на уставните измени.

 

 

 

 

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сатира

Невидливото Собрание објавува: Стратегијата и оперативниот план се поделени и усвоени од делегатите и започната е работата на нивното извршување.

Лажен патриотизам или пак тест: Се појави народно Собрание без име и седиште?

Виртуалното Народно Собрание на Република Македонија на својата веб страница, објави...