"Се јакнеа велеа ќе успее, ние велевме лош е процесот, лоши ви се пораките, лажете, манипулирате, не е добро ова, трошите народни пари"

Објавил: Данаил Михајловски | 1 октомври, 2018 20:01

Мицкоски: Единствен виновник за неуспехот на референдумот е Зоран Заев

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Единствен кој може да биде виновен за неуспешниот референдум е Зоран Заев, истакна во вечерашното гостување на Алфа телевизија првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Иако ние велевме дека референдумот нема да биде успешен, знаете неколкумина од нив крстареа низ Македонија по тие празни или најчесто полупразни плоштади, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски додава дека откако власта увидела дека ја нема потребната поддршка почнаа на носат и автобуси на митинзите.

Откако видоа дека плоштадите се празни решија заедно со нив да вртат неколку автобуси колку да ги наполнат малку плоштадите за да се види дека има соочување со граѓани кои се гледаше дека неволно присуствуваат на еден таков вид претстава, додава Мицкоски.

На самиот крај излезе дека ВМРО-ДПМНЕ било во право вели Мицкоски.

Се јакнеа велеа ќе успее, ние велевме лош е процесот, лоши ви се пораките, лажете, манипулирате, не е добро ова, трошите народни пари. И на крајот видовме дека како ВМРО-ДПМНЕ сме биле во право, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.