Донираната опрема е според стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава.

Објавил: Перо Милчин | 31 декември, 2020 15:51

СЗО ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СЗО ДОНИРАШЕ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ВРЕДНА МИЛИОН ДОЛАРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПАНДЕМИЈАТА СО КОВИД-19!

Светската здравствена организација во 2020 година, во земјава донираше заштитна опрема, лабораториски сетови и медицинска опрема во вредност од 1.049.902 милион донари за справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19 вирусот.

Во делот на медицинска опрема преку Германскиот Фонд за Ковид 19, се донирани респиратори и пулсоксиметри за ковид центрите во земајата за да се овозможи адекватно лекување и третман на болните од корона.

Донираната опрема е според стандардите за безбедност и квалитет на СЗО и е распределена во медицинските центри во земјава.

Исто така Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн присуствуваа на примопредавање на донација од Министерството за надворешни работи на Германија за поликлиниката во општина Шуто Оризари. 

Министерот Филипче се заблагодари на амбасадорката Холштајн за поддршката и помошта која ја дава на здравствениот сектор од почетокот на ковид кризата и истакна дека се разговарало и за натамошно унапредување на здравствениот систем со помош на германската амбасада. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...