Министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јануари, 2021 13:26

СЗО ДОНИРАШЕ ТРИ БИОСЕЈФТИ КАБИНЕТИ ЗА ИНСТИТУТОТ ПО СУДСКА МЕДИЦИНА И ИНСТИТУТОТ ЗА МИКРОБИОЛОГИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, шефицата на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија, Џихан Тавилах и деканката на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, денеска беа во посета на Институтот за судска медицина по повод донација на биосејфти кабинети од СЗО.

Министерот Филипче истакна дека Светската здравствена организација се покажа како еден од најсериозните и најголеми партнери од почетокот на ковид кризата, како и во претходниот период на други полиња на соработка.

-СЗО беше институцијата од којашто на глобално ниво доаѓаа првите сознанија со вирусот, начинот на ширење, препораките, превентивните мерки и ова сега е еден сегмент на соработка кој значи сериозно зајакнување на лабораториските капацитети. Денешната донација се состои од три биосејфти кабинети. Два кабинета се наменети за Институтот за микробиологија и еден за Институтот за судска медицина.

Ова е една значајна поддршка за Медицинскиот факултет, со што се одделува работата од форензиката со делот на дијагностика на коронавирусот, нешто што е многу значајно, посебно за работата на Институтот за судска медицина, потенцираше Филипче и додаде дека ова претставува зајакнување на дијагностичките, лабораториските капацитети во делот на идентификување на коронавирусот на Медицинскиот факултет во Скопје.

Шефицата на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјата Џихан Тавилах истакна дека СЗО има блиска соработка со Министерството за здравство во соодветниот одговор на кризата на ниво на целата земја.

Горди сме што поддршката која ја дава СЗО не е поддршка само за моменталната ситуација која се однесува на кризата со КОВИД-19, туку долгорочно гледано, поддршка со современа технологија и поддршка за развој на капацитетите на работната сила во областа на здравството во земјата. Уште еднаш би сакала да нагласам дека сме многу горди на соработката со министерот Филипче, медицинскиот факултет во Скопје и сите партнери во земјата, затоа што сме уверени дека одговорот на кризата е навистина силен и оди во добра насока. Тој нема да запре, земајќи предвид дека останува уште многу работа, особено со процесот на вакцинација, рече Тавилах.

Деканката на Медицински факултет, проф. д-р Топузовска се заблагодари на министерот Филипче и шефицата на канцеларијата на СЗО во земјава Тавилах што овозможија факултетот да биде дел од институциите на кои СЗО донира опрема, која е многу значајна во овој момент.

Се работи за три кабинети со високо ниво на заштита, еден автоматски екстрактор за изолација на вирусна РНК, како и реагенси за три илјади анализи. Оваа опрема ќе овозможи лабораториите на Институтот за судска медицина и на Институтот за микробиологија да го зголемат својот капацитет. Односно, бројот на анализи за детекција на КОВИД-19 на дневна основа. Овие кабинети ќе овозможат високо ниво на заштита на вработените.

Опремата во иднина ќе се користи и за други анализи. Со тоа се зголемува капацитетот на Медицинскиот факултет за молекуларната дијагностика, посочи деканката проф. д-р Топузовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Дел од лекарите, медицинскиот персонал и вработени во Кардиолошкиот завод, се позитивни на Ковид 19, што ја отежнува работата на установата.

Ковид 19 силно ја погоди и Специјализираната болница за кардиологија „Св. Стефан“ во Охрид

Ковид пандемија и натаму силно го притиска здравствениот систем во земјата. Лесно...

„Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму?

Травари: Кога се превземаа вакцините од Србија не требаше пола влада да оди на Табановце

Поранешниот министер за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари,...