Сојот именуван од СЗО како делта беше откриен во октомври минатата година во Индија и досега го има во повеќе од 74 земји.

Објавил: Владо Марин | 20 јуни, 2021 22:08

СЗО: Индиската мутација станува доминантна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Индискиот сој на коронавирусот е на пат да стане доминанта варијанта на болеста  во светот, соопшти СЗО.

Сојот именуван  од СЗО како делта беше откриен во октомври минатата година во Индија и досега го има во повеќе од 74 земји.

Покрај високата заразност за делта сојот според досегашните студии се знае дека  двојно го зголемува ризикот од хоспитализација во споредба  сп варијантата откриена во велика Британија, предизивкува потешка форма на болеста кај    невакцинираните лица против Ковид-19 или оние кои примиле само една доза вакцина. Студиите велат дека  две дози обезбедуваат силна заштита од овој сој.

-Делта-сојот е на добар пат да стане доминантен во светот поради високата инфективност. Кој е соодносот меѓу вакцинираните и невакцинираните, тие со една или две дози? Тоа е нешто кое го следиме многу внимателно, документираме и имаме специјална група која ја следи ефикасноста на вакцините на ниво на популација во однос на разните варијации, изјави главниот научник на СЗО.

Од европските земји  Русија и Велика Британија имаат најмногу проблеми  со делта сојот на кој се препишуваат речиси 90 проценти од новите случаји на корона вирусот  детектирани  во тие земји. Прогнозите на СЗО велат дека делта  наскоро ќе стане доминатен сој и во САД и Германија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

СЗО прецизира дека оваа варијанта има мутации што би можеле да укажат на ризик од отпорност кон вакцините и нагласи дека се потребни дополнителни студии за да се испитаат карактеристиките на овој сој на коронавирусот.

СЗО следи нов сој на коронавирусот, наречен „му“

Светската здравствена организација (СЗО) следи нова мутација на коронавирусот, наречена...

Ставот дека Грција нема да толерира никаква инструментализација на ситуацијата во Авганистан и нема да дозволи да се повтори 2015 година по мигрантското прашање, го истакна и портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на брифинг со новинарите.

Грција подигна ограда на границата со Турција: Не смее да се случи мигрантска криза како во 2015 година

Грција ја завршила изградбата на ограда долга 40 километри на границата со Турција...

Во последните 24 часа, Словенија тестираше 2 228 примероци, од кои 385 се позитивни на коронавирусот, објави Националниот институт за јавно здравје.

Бројот на заразени во регионот и натаму расте

Во голем број земји во регионот, бројот на новозаразени со корнавирусот продолжува...