Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 10:24

СЗО: Ковид-19 нема да биде последната пандемија

Фото/Текст извор: ©миа.мк

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека Ковид-19 не е последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции за спречување пандемии.

Тој на презентацијата на извештајот на Советот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ) за 2020 година рече дека ова нема да биде последна пандемија или последна глобална здравствена криза.

– Не знаеме каква ќе биде следната здравствена криза, но знаеме дека ќе дојде. И мора да бидеме подготвени, нагласи тој, објаснувајќи дека ова не е заплашување, туку повик за акција.

Неговиот говор уследи откако беа потврдени повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и повеќе од 924.953 смртни случаи ширум светот, според Универзитетот Џонс Хопкинс, додека скоро 19,7 милиони луѓе се опоравиле од Ковид-19.

Советот на ГПМБ е независно тело за мониторинг чија цел е обезбедување подготвеност на глобални здравствени кризи.

Инаку бројот на заразени во Европа во моментов е во пораст, но дневниот број на жртви е релативно стабилен.

Високиот функционер на СЗО за Европа, со седиште во Копенхаген, исто така ги предупредува оние што сметаат дека наоѓањето на вакцината ќе ѝ стави крај на епидемијата.

„Цело време слушам луѓе како велат дека вакцината ќе значи крај за епидемијата. Секако дека не“, рече Клуге.

Тој објасни дека никој сè уште не знае дали вакцината ќе биде ефективна за целата светска популација.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Операцијата беше извршена вчера, а вредноста на таблетите на црниот пазар беше проценета на 10 милиони евра.

ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАПЛЕНИ ДРОГА ВО ВРЕДНОСТ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА : Уапсени 3 лица поради 500.000 таблети екстази

Грчката полиција денеска објави дека запленила 500.000 таблети дрога екстази во Солун...

Во Рожаје од 28 септември е забрането работење на угостителските објекти и домашните посети.

ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО ВОВЕДУВА КАРАНТИН: Во овие 3 општини нема да смеат да ги напуштаат куќите од 22 до 5 часот наутро

Во Никшиќ, Беране и Андријевица, од 28 септември до 12 октомври, забрането е напуштање...

Да потсетиме, Шенон им се обрати на следбениците преку Инстаграм на крајот на февруари и ги сподели лошите вести за враќање на ракот.

ШЕНОН ДОЕРТИ НА СМРТНА ПОСТЕЛА: Нејзиниот пријател ја откри вистината за здравјето на актерката- УМИРА!

Шенон Доерти (49) веруваше дека го победила ракот на дојка, за кој и дијагностицирале...