Од СЗО предупредуваат дека во првите шест месеци од оваа година пријавени се најмногу случаи на заболени од оваа болест. Како што стои во извештајот бројот на заболени од сипаници е најголем во последните 13 години и речиси три пати повеќе отколку во истото време минатата година. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 19:57

СЗО предупредува: Епидемиите од сипаници се присутни во целиот свет!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во најновиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) стои дека епидемиите на сипаници во моментов се присутни во целиот свет и продолжуваат да се шират со голема брзина.

Од СЗО предупредуваат дека во првите шест месеци од оваа година пријавени се најмногу случаи на заболени од оваа болест. Како што стои во извештајот бројот на заболени од сипаници е најголем во последните 13 години и речиси три пати повеќе отколку во истото време минатата година. 

Во последните 25 години најголе број случаи на сипаници се забележани во САД, додека пак во европскиот континент во првите шест месеци од оваа година се регистрирани речиси 90.000 случаи на зарази со оваа вирусна болест. Според тоа годинава се надминаа бројките забележени за цела 2018 година кога од сипаници во цела Еврипа беа заболени 84.462 лица.

Во најновиот извештај како причина за зголемениот број заболени се наведува пониското ниво на вакцинирање. Некаде станува збор за недостаток на пристап до поквалитетна здравствена заштита или услуги на вакцинирање, некаде за судири внатре во земјата, а некаде за дезинформации за ефектите од вакцинирањето или послабата упатеност за важноста на високото ниво на вакцинирање.

Во Демократска Република Конго, Украина и Мадагаскар годинава се забележени најголем број случаи на сипаници. Меѓутоа, на Мадагаскар во последните неколку месеци бројката на заразени драстично се намалила заради владината кампања за потребата од ванцинирање. Големи епидемии од оваа болест се забележни и во Ангола, Камерун, Чад, Казахстан, Нигерија, Филипини, Јужен Судан, Судан и Тајланд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.