Имено денеска Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2020 11:47

СЗО ПРИЗНА: Коронавирусот се пренесува и преку воздух!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако стотици научници д 32 земји, изготвија студија и истакнаа дека ќе испратат отворено писмо до СЗО за промена на препораките за заштита од коронавирус, бидејќи поседуваат докази дека истиот се пренесува преку воздух, денеска се огласи и СЗО.

Уште на почетокот повеќето земји во светот ја обвинија СЗО дека во однос на коронавирусот не се однесувала професионално, односно дека потфрли со овој вирус, а секојдневните нови докази кои се пласираат во јавноста се само доказ дека СЗО, се уште нема конкретни информации ниту од каде потекнува ниту како се пренесува коронавирусот!

Имено денеска Светската здравствена организација призна дека постојат докази за пренесување на Ковид-19 преку воздух.

-Признаваме дека на тоа поле се појавуваат докази. Можноста вирусот да се пренесува преку воздух на јавни места, особено во посебни услови, доколку се преполни, не може да се исклучи. Но, доказите мора да се соберат и да се толкуваат, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранзи, на брифинг во Женева.

СЗО од самиот почеток на пандемијата, предупредуваше дека новиот коронавирус првенствено се шири од човек на личност со капки од носот и устата на заразено лице при кивање, кашлање или зборување, но сега научниците велат постојат докази дека коронавирусот во помали честички во воздухот може да биде заразен.

Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички кои настануваат со дишење, коронавирусот се пренесува преку воздух и може да ги зарази луѓето кога ќе го вдишат, велат научниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Директорот на СЗО, Тедрос и директорот на СЗО за итни програми Мајк Рајан ги повикаа сите нации строго да ги спроведат здравствените мерки како што се носење маски, физичко растојание, миење на рацете и тестирање.

СЗО: И покрај сите напори, во моментов нема спасоносна вакцина против коронавирусот!

И покрај сите обиди кои ги прават научниците за да создадат ефективна вакцина против...

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, на петто место Јужноафриканската Република – 503.290 случаи, потоа Мексико – 424.637 и Перу со 407.492 инфицирани лица.

СЗО: За еден ден рекордни 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени...

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, веројатно е дека ќе се обнови и продолжи друга министерска одлука што се однесува на забрана за влез во Грција на државјани од трети земји, а ќе важи во следните две седмици.

НИШТО ОД ПАТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА: Границите затворени до 15 август

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени...

Лекарот и професор за инфективни болести Бјорн Олсен рече дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици доколку беа превземени посилни рестрикции многу порано, вклучително и карантин за патниците кои се враќаат во земјата, претходна блокада и препорака да се носат маски.

КАКОВ ШВЕДСКИ МОДЕЛ, СЕТО ТОА Е ИЗМИСЛЕНО ОД СЕКТА: Познат доктор открива зошто во оваа земја има најголем број на смртни случаи од Ковид-19 !

Еден од најгласните критичари на Шведска за националната стратегија за борба против...