Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаков пристап до вакцините во богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата од која досега починаа повеќе од 3,5 милиони луѓе.

Објавил: Перо Милчин | 7 јуни, 2021 7:05

СЗО: Човештвото ќе мора да се навикне на соживот со коронавирусот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Глобалното искоренување на коронавирусот во моментов не е разумна цел, рече Дејвид Набаро, специјален пратеник на Светската здравствена организација (СЗО) за короната.

“Човештвото ќе мора да научи да коегзистира со овој вирус, спречувајќи го нагло да еруптира и да предизвика фокуси на болеста. Искоренувањето во моментов не е разумна цел за светот”, изјави д-р Набаро за Sky News.

Тој додаде дека се испитуваат извештаи за непалска варијанта на вирусот.

Секој пат кога ќе избувне одеднаш, тоа предизвикува во нечиј ум мисла дека може да се појави нова варијанта. Тоа не би било изненадувачки”.

Набаро рече дека тоа ќе биде „шема во иднина и дека вирусот нема да исчезне наскоро, но ќе се појават варијанти“.

Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаков пристап до вакцините во богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата од која досега починаа повеќе од 3,5 милиони луѓе.

Лидерите на СЗО, Светската трговска организација, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка неодамна ги повикаа светските лидери да преземат нова обврска и да се залагаат за поправедна дистрибуција на вакцините со цел да се борат против пандемијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Одлуката треба и официјално да биде усвоена до крајот на неделава, наведе портпаролот на португалското претседателство со ЕУ, пренесе ДПА.

Брисел ќе им дозволи на македонските државјани да патуваат во ЕУ

Европската унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците...

Од македонски државјани, на неа од поодамна се наоѓаат Мендух Тачи , Љубе Бошковски и екс пратеникот Џеват Адеми, а меѓу организациите фигурира и поранешната Ослободителна Народна Армија – ОНА.

БАЈДЕН НАРЕДИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИМОТ И ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО САД НА ЛИЦА КОИ РАБОТАТ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР И РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА

По декретот на американскиот претседател Бајден, со кој се најавува дека САД ќе ги...

Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец Ковид пасошите би требало да станат реалност за почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ.

ПОСТИГНАТ ДОГОВОР ЗА КОВИД ПАСОШИТЕ ВО ЕУ

Европратениците и земјите членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори...

Според официјалните информации за влез во Грција ќе ви биде потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или пак потврда за имунизација.

Грција од петок ги отвора границите – Ова се протоколите кои ќе важат на плажа

На 14 мај Грција конечно ги отвора границите за туристите. Плажите веќе се отворени...