Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник.

Објавил: Перо Милчин | 2 мај, 2021 18:52

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник

Фото/Текст извор: ©независен/магазин.мк

Хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер, соопшти Центарот за управување со кризи.

– Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник.  Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер.

Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар, се наведува во соопштението.

Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник.

Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски...