Македонија
Вести
Силно невреме ја зафати Македонија, и ќе се задржи до четврток соопшти УХМР. Периодот на нестабилно време ќе донесе пороен дожд а на некои места и град, во попладневните и вечерните часови. Невремето ќе биде проследено со засилен ветер и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен дожд, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 11 до 19, а максималната од 27 до 34 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со температура од 17 до 32 степена.

Силното невреме вчера ја зафати Струмица, Струга, Берово, Демир Капија, а поројни дождови имаше и во Скопје.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.