Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб на длабочина од десет километри.

Објавил: Сара Фемина | 22 март, 2020 9:03

ХРВАТСКА СЕ ТРЕСЕ: Силен земјотрес во Загреб, оштетени згради- Нема податоци за жртви или повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Загреб утрово, пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб на длабочина од десет километри. Потоа следел уште еден помал земјотрес со интензитет од пет степени, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Последователниот земјотрес се случил во 7,01 часот и неговата јачина според првичните податоци била на пет степени, пренесува Хина. Вести за штетата доаѓаат од целиот град и околината, според Јутарњи лист.

Во некои делови на Загреб, власта немаше струја.

Индекс.хр објави дека луѓето велат дека не се сеќаваат кога последно се случил толку силен земјотрес во Загреб. Полицијата апелираше луѓето што се излезени на улица да не се приближуваат меѓусебно поради коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Комисијата исто така го одобри предлогот на Франција да гарантира помош од 300 милијарди евра за да помогне во олеснување на економската криза погодена од пандемијата на коронавирус.

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ОДОБРИ ПОМОШ: Три држави ќе добијат милијарди евра!

Европската комисија одобри пакети за финансиска помош на Грција, Полска и Португалија...