Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 јануари, 2021 20:25

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС НА АЛЈАСКА: Земјотрес со јачина од 6 степени ги тресе Алеутските острови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала денес ги погоди Алеутските острови на Алјаска, објави германскиот истражувачки центар за геологија.

Земјотресот се случи на длабочина од 10 километри.

Засега нема податоци за можни жртви или материјална штета.

Алеутски острови или скратено Алеутиархипелаг со околу 150 острови во Беринговото Море, кои се од вулканскопотекло.

Се наоѓаат на северозападниот брег на Северна Америка меѓу Алјаска и Камчатка. Островите им припаѓаат на САД и Русија!

Површината на Алеутските Острови е околу 17.766 км2, и на нив живеат околу 15.000 жители.

Развиен е ловот и риболовот. Тука се наоѓа голема воздухопловна и војна поморска база. Највисока точка е вулканот Шишалдин (2.857 м).

Клима

Климата на Алеутските Острови е субполарна, со океанско влијание. Просечните температури се -1 °C во јануари и 9 °C во јули.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјотрес

Земјотресот се случил во централна Хрватска, на 60 километри од Загреб, објави Сеизмолошкиот институт на Србија.

НОВ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ХРВАТСКА: Граѓаните во паника, се почуствува и во Белград

Нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска нешто...