Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот твитер-профил.
„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.
Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложи одлуката според која има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН.
Во долгото обраќање, во кое рече дека Украина нема историја за да биде вистинска нација и ги обвини – без докази – украинските власти за корупција, Путин потврди дека ќе ја признае независноста на двата сепаратистички региони.
You must be logged in to post a comment.