Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 август, 2020 12:02

Силните врнежи може да ги излеат помалите реки и да направат поплави ширум Македонија

Фото/Текст извор: ©миа.мк

И покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но можно е слевање вода во градските урбани средини, предупредува УХМР.

-Почнувајќи од денешните попладневни часови па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

-Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информира УХМР. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој додаде дека ова е реализација на идејата да се примени принципот на мултимодалност во велосипедските политики со кои им се им се нуди можноста безбедно да ги паркираат своите велосипеди кај Транспортниот центар од каде што ќе можат да продолжат да користат воз, меѓуградски автобус или некој од градските и приградските автобуси на ЈСП Скопје.

ОТВОРЕН ПРВИОТ ВЕЛОШТАД ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и амбасадорот на делегацијата на ЕУ...

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...