Бебето е пронајдено во приземен стан во истото село.

Објавил: Стојче Бушин | 9 август, 2020 15:19

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Фото/Текст извор: ©макфах

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна Грција. Според информациите, десетина луѓе се заробени во нивните домови и автомобили.

Полицијата соопшти дека брачен пар, на возраст од 86 и 85 години, утрово се најдени во бессознание во нивниот поплавен дом во приморското село Политика, на околу 100 километри северно од Атина.

Бебето е пронајдено во приземен стан во истото село.

Локалниот градоначалник изјавил дека бебето и неговото семејство не биле од тоа место и дека тука биле на одмор.

Голем број луѓе во селото се качиле на покривот од зграда, па пожарникарите испратиле хеликоптер за спасување во таа област.

Силен дожд ноќеска почна да врне, а пожарникарите одговориле на повеќе од 50 пожари предизвикани од удари од гром.

Откорнати се многу дрвја и паднати на патиштата, поради што бројни туристи се блокирани во кампови во оваа област. Како што пренесуваат грчките медиуми, две реки се излеале и ги поплавиле патиштата.

Властите ангажирале повеќе од 100 пожарникари и два хеликоптери во евакуацијата на заробени луѓе!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Тоа беше лет за обука за идните пилоти и морнари за време на борбената обука. Авионот го управувал искусен пилот од 2-ра класа со 700 часа лет.

ВАКА ПАДНА АВИОНОТ ВО УКРАИНА: Погледнете што претходеше на несреќата во која животот го загубија 26 лица(ВИДЕО)

Авион АН-26 со 27 лица се урна во петокот вечерта, на 25 септември, во близина на Чугјево...

Засега е непознато зошто ресторанот се срушил во областа Ксиангфенг во провинцијата Шанкси, 600 километри југозападно од Пекинг!

ХОРОР ВО КИНА: Се сруши двокатен ресторан, 30 лица извадени од урнатините, 13 мртви (ВИДЕО)

Тринаесет лица загинаа во Кина откако се сруши двокатен ресторан, објавија денеска...

Според АП, мажот, чиј идентитет сè уште не е утврден, веднаш бил пренесен во најблиската болница, каде бил прогласен за мртов, а други шест лица биле хоспитализирани поради состојба на шок.

ПОЛАРНА МЕЧКА УБИ ЧОВЕК ВО НОРВЕШКА!

Човек го загуби животот утрово во напад на бела мечка на кампување на еден од островите...