Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 јуни, 2020 22:20

Силјановска-Давкова: Воведоа мерки како да не очекува ураган и тоа најчесто за викенди!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, која беше и кандидат за претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил истакна дека власта се однесува со народот како да очекува да не погоди ураган, најчесто за викенди.

Не e виновен народот.

Виновниците секогаш имаат име и презиме.

Виновни се тие кои предлагаат карантин, а всушност предлагаат мерки кои доведоа до евакуација. Небаре не очекува некој ураган, со точно најавено време на удар, најчесто за викенди.

Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Потребно е сите заедно да престанеме со сопствената колективна деструктивност и одговорноста да ја лоцираме таму кај што треба.

“Ја држиме ситуацијата под контрола” не кореспондира со хаотичните мерки, водени од калкулантство и политиканство.

Доста “танцуваа”! Време е за оставки!

И, што вели нашиот д-р. Проф. емеритус З.З.? Избори на 5ти јули мора да има?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.