Гордана Силјановска Давкова вечерва на митингот во Валандово порача дека коалицијата „За подобра Македонија“ гарантира подобра иднина

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 19:35

Силјановска Давкова: Луѓето си заминуваат од Македонија, а власта како намерно да ги брка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова вечерва на митингот во Валандово порача дека коалицијата „За подобра Македонија“ гарантира подобра иднина за нашата држава.

За студентите, професорката Силјановска Давкова е еден од најинспиративните професори. Според спроведено на повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Кирил и Методиј„ (УКИМ), Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

-Кога реков дека сум загрижена, знам дека еден од најубавите краеви на Македонија луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се напотребни, најумните, најспособните, најкомпетитивните. Оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика што води сметка за тоа дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив, како да ги бркаат. Тоа мора да се смени. Мојата претстава за Валандово е сликата од детството, од младоста. Крај на прекрасните мириси, на најубавото овошје, а калинката е најскапото и најценетото овошје во светот, само овде тоа не го знаеме. Кога си замислувам дека Македонија може да биде земја на здрава, органска храна, на туризам од секаков вид, се распослале по земјава езера, ама и прекрасни села и краеви како овој, си велам зошто, зарем не се свесни за оваа убавина?Зошто не сторија нешто за да може народот овде да ужива во убавината, но и во животот? Ветија живот, но ништо не донесоа од животот, порача Силјановска Давкова.

Професорката Давкова истакна дека ние сме една од најболните нации во Европа.

-Политички болни сме заради нивната власт, здравјето ни е нарушено. Затоа што тие не водат сметка ниту за здравствената заштита, а да не зборувам и за еколошката, посочи таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев ми дава 25.000 евра во кеш.

ГЕРОСКИ НАЈАВУВА ТУЖБА: Миленко Неделковски има “ВИДЕО” каде Камчев му дава на Героски 25.000 евра во кеш?

Новинарот Бранко Героски вечерва на социјалните мрежи ги повика Саше Ивановски Политико...

Кој го овласти премиерот сам да избира шеф на некое ново обвинителство, прашува Каракамишева.

КАРАКАМИШЕВА: “Заев ја избра Русковска за шеф на СЈО, БЕЗ ОКО ДА МУ ТРЕПНЕ, НИ ВЕЃА ДА МУ МРДНЕ”

Со новото законско решение, СЈО со обвинителите ќе функционираат во рамки на обвинителството...

Обвинителството на 15. месецов отвори истрага против лицата Б.Ј и З.М, кои ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Првоосомничениот Б.Ј го товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Двајцата осомничени тргувале со влијание, убедувајќи луѓе кои се дел од истражна постапка дека се моќни кај јавен обвинител. 

КЛОПЧЕТО СЕ ОДМОТУВА: Запленет глисер во сопственост на второосомничениот во „Рекет“

По налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција...

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека...