Професорката Гордана Силјановска Давкова по повод две годишнината од Договорот од Преспа, се огласи со статус на својот официјален Фејсбук профил велејќи дека на престојните избори народот ќе го урне режимот на Зоран Заев.
17 јуни. „Прослава“ БЕЗ НАРОД! Намуртено небо. Разбранувано, налутено езеро. Чамец со неколкумина свечено облечени ликови, со симнати маски и натокмени наочари. Глумат гордост, евоцираат незаборавни спомени, даваат победнички изјави.
Не знам што слават Заев, Костадинов, Димитров и Мисовски? Веројано СЕБЕСИ, како „историски“ актери-статисти!
Ципрас громогласно ја слави Преспанската победа, а дотераниве дошле да го слават нашиот Преспански пораз.
Заев ја избриша македонската историја, а Ципрас ја запиша како грчка.Ципрас вели дека „историјата им оддава почит на оние кои ја пишуваат , а не на оние кои се влечат зад неа.
Се разбира, тој е допишувачот на грчката историја, а Заев се влечка зад неа, како бришач на македонската.
Ципрас си го надгради и разубави грчкиот идентитет, а Заев си го осакати и осиромаши македонскиот.
Да, се обиде да го закопа и забетонира македонското минато , а со него и дел од македонскиот идентитет и почна да гради нова северномакедонска историја и северномакедонски идентитет во времето на династијата на Заеви, на чело со Заев Први Преспански!
Ама, ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански, додава Силјановска-Давкова.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.