Силјановска Давкова посочи дека оваа владејачка гарнитура секој ден и Уставот го толкува како што сака и го злоупотребува во нивна полза но на штета на државата и граѓаните.

Објавил: Мате Парлоф | 9 јули, 2021 7:49

Силјановска Давкова: Оваа власт дојде на крилјата на мотото „Нема правда, нема мир“, но донесе непотизам, криминал и корупција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Кај законот можете да имате пишана или непишана норма, но ако нема морална димензија, нема да има правда и правичност. Оваа власт ако се сеќавате дојде на крилјата на мотото „Нема правда, нема мир“.

Правда како денеска никогаш немало во оваа држава, не само што нема право и правда, туку нема држава бидејќи државата има основни карактеристики. Оваа држава не само што е слаба држава, оваа држава е држава во пропаѓање поради оваа неспособна власт. Ако е држава тогаш кога преговара со друга држава ќе биде рамноправен субјект. Токму затоа Преспанскиот договор има еден голем проблем, имено ако во него првата страна има две имиња ем Хеленска Република, ем Република Грција, втората страна е безимена. И ние правниците велиме дека не може да склучите договор ако немате познат субјект на договор. Која е втората страна?

Втората страна е безимената страна, втората страна е нема да ми верувате ама така е за жал, некоја нова држава во настанување стара три години. Значи што сакаат можат да тврдат, меѓутоа обидот е да се создаде нова северно македонска нација со северно македонски јазик, еден непознат феномен бидејќи не можете нешто што е создадено да го одсоздадете, и не можам јас да заборавам дека сум била она што сум била односно дека сум се родила, дека животот сум го живеела во Република Македонија, немало војна, немало промена на граници, а сега треба да умрам еден ден во држава со друго име“, истакна пратеничката Гордана Силјановска Давкова на денешната отворена трибина на тема право и правда која што се одржа во општина Аеродром.

Силјановска Давкова додаде дека поради оваа власт во Македонија веќе со години нема владеење на право и правда. Власта не го применува правото.

Во Собранието се изнагледав на носење на закони по скратена постапка со европско знаменце. Ништо европско внатре нема. Само што постапката наместо редовна, наместо со расправа, наместо со експерти, наместо со граѓани си оди на една брза лента. И тогаш договорено е однапред од претседателот на Собранието со претседателот на Комисијата за европски прашања со владејачкото мнозинство си ги изгласуваат законите“, нагласи Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека оваа владејачка гарнитура секој ден и Уставот го толкува како што сака и го злоупотребува во нивна полза но на штета на државата и граѓаните.

Нема ден во кој што нема да утврдиме корупциски скандал, нема ден во кој што нема да утврдиме конфликт на интереси, нема ден во кој што нема да утврдиме непотизам, нема ден во кој што нема да речеме ова не е суд бидејќи законот треба да важи за сите, бидејќи законот мора да се спроведува и да се донесува во точно определена процедура. Тоа не е нашата Македонија, оваа власт се злоупотребува“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека оваа власт кога ќе си замине, државата ќе започне да функционира. Законот ќе функционира кога оваа власт ќе си замине од Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

-Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници.

Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние да се самозапалиме?

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот...