Антикорупциска на потег

Објавил: Калина Мартинска | 6 април, 2024 14:06

Силјановска-Давкова поднесе приговор за кршење на изборните правила

Фото/Текст извор: ©faktor.mk

Професорката Гордана Силјаноска Давкова го поднела првиот приговор за кршење на изборните правила, говорат информации на Фактор.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ за „Фактор“ велат дека сега треба ДКСК да постапи според член 33 од Законот за спречување на корупцијата и во рок од еден ден по поднесувањето на приговорот (значи денес, сабота, 6.04.2024) да ја извести Академијата за судии и обвинители АСЈО за приговорот и да побара објаснување. Потоа АСЈО е должна да се произнесе во рок од максимум три дена. И на крајот, не подоцна од пет дена (значи најдоцна во вторник, 9ти април) од поднесувањето на приговорот ДКСК е должна да закаже јавна седница на која ќе постапи по приговорот.

ДКСК е должна одлуката по приговорот да ја донесе на јавна седница и истата е должна во рок од 24 часа (значи во среда, 10ти април, да ја објави на својата веб страна), а во одлуката треба да се утврди дали постои прекршување на одредбите на изборниот законик (во случајот очигледно е грубо прекршување на членот 8а од тој законик) и доколку има, тогаш ДКСК пред надлежните институции иницира постапка за утврдување на одговорноста на лицето, органот или институцијата што го прекршила изборниот законик. Овој случај кој го покренува професорката Силјаноска Давкова ќе биде тест за интегритетот на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, партија обвини дека со Јавното Обвинителство, спротивно на закон, среде избори, се врши процес на вработување, прием на 130 нови судии и обвинители, се врши писмен приемен испит за Академијата за судии и јавни обвинители, и тоа наместо електронско полагање, за прв пат се полага писмено, затоа што не е набавен соодветен софтвер.

„Ова е класично прекршување на изборниот закон од Академијата која треба да биде пример за владеењето на правото. По сила на закон во сите државни институции, јавни претпријатија и општини, сите постапки за вработување се ставени во мирување по сила на изборниот законик.
Дали за Академијата за судии е поважен изборниот законик или можеби им е поважен Мики Крстев од СДСМ, заменик министерот за локална самоуправа, да полага испит со малверзации во време на распишани избори?!
Дали за директорката Габер Дамјановска е поважно владеењето на правото од желбата на внуката на Рамиз Мерко, Ерканда Баута, да стане обвинителка во струка со незаконито полагање на тест во изборен период?!
Дали Александар Глигоров, син на Емил Глигоров, претседател на судот во Струмица од СДСМ, со ваков писмен наместо електронски испит ќе има максимални 100 поени? Дали Дитмире Шеху, член на ДИК од ДУИ, ќе има 100 поени на писмениот тест? Може и Фуркан Фета, асистент на ДУИ во Собранието и близок пријател до раководството, ќе освои 100 поени на ваков тип на полагање. Секако и Дарко Герамитчиоски, советник на СДСМ во Општина Прилеп, веројатно ќе има 100 поени на писмен тест прегледуван од човек, наместо електронски“ рече Наум Стоилковски – портпарол на партијата.

Уште пред пет дена апелираа до ДКСК да го спречат ова прекршување на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители, бидејќи решавањето на овој предмет ќе биде и тест за интегритетот на Антикорупциската комисија која има должност да го заштити изборниот законик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули...